(Видео) Прелиен со сируп, евтин и сочен: Рецепт за традиционално самали, грчки колач со гриз кој се топи во уста

644

Ви недостасува морето, сончевите денови и прекрасната Грција? Засладете се со еден традиционален грчки рецепт кој воедно се прави брзо, а исто така е и евтин.

 

Самали е традиционален грчки колач од гриз кој се прелива со сируп. Во овој рецепт сирупот се прави со бренди или ракија, а тоа му дава посебен вкус.

Доколку не сакате да го правите со алкохол, тогаш може тоа да го замените со некоја друга состојка.

Состојки:

– 320 грама гриз;
– 100 грама шеќер;
– 120 милилитри вода;
– 60 милилитри сок од портокал;
– 2 лажици прашок за печиво;
– 30 грама печени и сечкани бадеми.

За сируп:

– 360 милилитри вода;
– 300 грама шеќер;
– 1/2 чашка бренди.

Подготовка:

Помешајте го гризот, шеќерот, водата, сокот, па на крај додадете прашок за печиво. Добро соединете ги состојките и оставете ги половина час да отстојат.

Во калап со пречник 20 сантиметри, ставете малку масло за јадење, па додадете го тестото. Убаво втиснете го и посипете со сечкани бадеми.

Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 50 минути.

Сируп: Помешајте го шеќерот и водата и варете додека водата не зоврие, па оставете уште 10 минути. Три минути пред крајот додадете го брендито и помешајте.

Ставете го сирупот врз изладениот колач.

Пријатно јадење!