Романската ММА борачка Ана Мариа Пал со удар по глава му го скрши носто на еден машки учесник во романското издание на „Сурвивор“ .
Имено, 26-годишната девојка со глава го удри во носот Андреј Чобану кој одлучи да ја провоцира по еден предизвик во кој изгуби.
На крај Андреј го извлече подебелиот крај. Доби скршеница на носот и мораше итно на операција, додека Ана избега од местото на случувањата.
Очекувано, продукцијата ја исфрли Ана од натпреварувањето кој се снима во Доменикана, а таа по ова само кратко порача:
„Доби она што си го заслужи“. Инаку таа во ММА кариерата има две победи и три порази.