(Видео) Прва пресконференција на Талибанците: Еве што ги чека жените, а што Авганистан!

1145

Портпаролот на Талибанците тврди дека после 20 години ги избркале странците и дека ова е горд момент.

“Нашиот план беше да застанеме пред Кабул еднаш кога ќе ги окупираме останатите провинции, но за жал претходната влада беше толку некомпетентна што нивните сили не можеа да ја обезбедат сигурноста во Кабул и поради тоа моравме да направиме нешто. Сакаа да упаѓаат во куќите, да малтретираат луѓе и да крадат, поради тоа влеговме во Кабул, за да се осигураме Кабул да биде безбеден град”, рекол гласноговорникот на Талибанците на пресконференцијата.

“После 20 годишна борба ја еманципиравме земјата и ги избркавме странците. Ова е горд момент за цела земја”, рекол Забихула Мујахид кој за првпат се појави пред камерите.


“Ги гарантираме сите права на жените во склоп на шеријатскиот закон. Жените можат да работат во образование и здравство. Ако меѓународната заедница е загрижена, нека знаат дека нашите жени ќе ги имаат сите права соодветно шеријатот. Нашите жени се муслиманки и мора да го почитуваат шеријатскиот закон”, рекол портпаролот.

“Кога станува збор за активностите на медиумите, мора да знаат да бидат непристрасни, но ништо не смее да биде против исламската вредност, која за нас е многу важна. Медиумите не треба да работат против националното единство, не треба да промовираат поделба, треба да работат на заедништвото на земјата”, рекол гласноговорникот.

“Сакаме да се осигураме дека во Авганистан нема веќе да се војува. Им простивме на сите кои се бореа против нас. Анимозитетите мора да завршат. Не сакаме никакви екстерни ни интерни непријатели”.