Првиот човек на УФЦ, најпопуларната организација која се занимава со ММА натпревари, се нашол во центар на скандалите поради тоа што во јавноста исплива видео на кое се гледа дека ѝ удира шлаканица на својата сопруга Ен Вајт.
Инцидентот се случил во клубот „Кабо Сан Лука“ во Мексико, а видеото во јавноста го објавил американскиот магазин „TMZ“.
На новогодишната забава познатиот брачен пар бил во ВИП делот на популарниот клуб, а на видеото се гледа како таа плаче, па Дејн ѝ приоѓа, нешто ѝ кажува, а потоа таа него го удира, за потоа тој да ѝ возврати.
Очевидци во клубот сведочеле дека двајцата сопружници биле како пијани, а тој после инцидентот се покајал.
„Мојата сопруга и јас бевме излезени за нoвогодишната ноќ и за жал тоа се случи. Јас сум еден од оние мажи, а сте ме слушнале доволно пати како тоа го изговарам, којшто осудува насилство врз жените, а сега еве зборувам за тоа. Ние сме во брак речиси 30 години, се знаеме од својата 12-та година и очигледно е дека сме поминале низ многу работи заедно.
Имаме три деца и ова е една од оние ситуации кои се ужасни. Ми е срам и моментално повеќе сме загрижени поради децата отколку поради себе. Тотално сме фокусирани на семејството. Луѓето за ова ќе мислат сенешто и можеби ќе бидат во право. Особено во мојот случај. Никогаш не смееш да кренеш рака на жена. Мојата сопруга и јас се сакаме, долго сме заедно. Ова е само една несреќна ситуација“, изјавил Вајт.