ВИДЕО: Ромањоли донесе уште една победа за Милан, овојпат и ВАР го потврди голот

806

Капитенот на Милан Алесио Ромањоли втор натпревар по ред носи победа за својата екипа Милан со гол во судиското надополнување. Тој на гостувањето кај Удинезе мрежата на противникот ја затресе во 90+7 минута. За потврда на голот беше користена и ВАР технологијата, а техниката покажа дека немало фаул при постигнувањето на голот и дека погодокот е регуларен.

Голем хендикеп за Милан на натпреварот беше принудната замена во 35.минута кога играта ја напушти Игуаин.
За Ромањоли ова е втор гол на последните два дуела откако претходно беше стрелец и против Џенова во 90+1 минута исто така за победа (2:1).
Милан со вчерашниот триумф се искачи на четвртото место со 21 бод колку што има и Лацио на петтата позиција.
Удинезе остана во долениот дел на табелата со само еден бод на последните пет дуели.