(ВИДЕО) САД тоне во сè подлабок хаос: Тинејџер застрела двајца демонстранти

655

Полицијата на Илиноис уапси малолетник осомничен за убиство на двајца демонстранти синоќа во Кеноша за време на протестите кои избија откако полицајци му пукаа во грб на Афроамериканецот Џејкоб Блејк.

Командирот на локалната полиција Норман Џонсон изјави дека осомничениот има 18 години и уапсен е поради сомнение дека сторил убиство од прв степен. Полицијата не објави никакви други детали.

Социјалните мрежи се преполни со снимки од напаѓачот кој е идентификуван како Кајл Ритенхаус. Тој отворил оган со полуавтоматска пушка при што усмртил двајца демонстранти.

На социјалните мрежи исто така се појави и снимка пред нападот на која се гледа неговата одлучност да пука за „да го одбрани својот имот“.