ВИДЕО: Само Артан Груби не се поклони пред плочата на загинатите припадници на единицата „Тигар“

538

Денес се одбележува 40-годишнина од формирањето на единицата „Тигар“, каде владина делегација положи цвеќе и се поклони ред спомен плочата на загинатите припадници на антитерористичката единица „Тигар“, но исклучок беше  првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Согласно протоколот, сите останати се поклонија пред плочата, во чест на загинатите, додека пак Груби не се поклони.

Почит за загинатите припадници со положување на свежо цвеќе и поклони, оддадоа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, државниот секретар Магдалена Несторовска, шефот на кабинет Митко Бојмацалиев.

извор А1.он