(ВИДЕО) Саша Богдановиќ снимен како седи во кафеана во Дебар Маало

1420

Саша Богдановиќ, актуелниот градоначалник на општина Центар седи во еден од скопските ресторани во Дебар маало во време на полициски час и во период кога е на сила забраната за работа на угостителските објекти. Видеото е направено вечерва.

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одлучи постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на ковид-19, кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Извор republika.mk