Челзи синоќа ја подигна и ја прослави титулата во Европа лига.
„Сините“ во финалето во главниот град во Азербејџан, Баку го совладаа градскиот ривал Арсенал с 4-1 и така на одличен начин ја завршија сезоната.
По крајот на мечот, камерите забележаа доста интересен кадар на теренот, а еден од нив апсолутно ги насмеа сите.
— Out Of Context Chelsea (@OOCChelsea) May 30, 2019
Давиде Запакоста се обиде да го освежи грлото по мечот. Меѓута тоа во прв момент не му појде од рака, па насмеа многумина кои го видоа.