Тања Ерихсен, шефица на данската Агенција за лекови, се онесвестила за време на прес-конференцијата за новинари на која беше објавено дека Данска ќе престане да вакцинира со вакцината АстраЗенека.
Ерихсен се срушила пред камерите откако обзнанила дека се запира вакцинацијата со АстраЗенека.
„Данска е првата земја во Европската Унија која трајно ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека. Ризикот од појава на крвни згутчувања е мал, но сепак е превисок за да се продолжи со вакцинирањето како што беше планирано“, изјавила таа, а потоа се онесвестила.
Најбрзо реагирал Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена управа, кој ја сместил во странична положба. Прес-конференцијата веднаш била прекината, а на помош пришле и новинарите кои помогнале да се изнесе онесвестената шефица на Агенцијата за лекови од просторијата.
ICYMI – The head of #Denmark's medicines agency, Tanja Erichsen, collapsed during the press conference announcing the #AstraZeneca discontinuation.pic.twitter.com/gwG6roCiAa
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) April 15, 2021
Ерихсен била пренесена во болница, а Данската здравствена управа објави на Твитер дека се освестила, но ќе биде задржана во болница за да се провери нејзината состојба. На крајот, Брострем сам ја довршил конференцијата.
Данска прва во Европа целосно престана да вакцинира со АстраЗенека
Данска во целост престана со примена на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 поради можна причинско-последична врска помеѓу оваа вакцина и формирањето на крвни згрутчувања. Данска е првата европска земја која донесе одлука за трајно престанување на вакцинацијата со АстраЗенека.
Поради одлуката да престане да се користи оваа вакцина, програмата за вакцинација во Данска ќе биде одложена за неколку недели, објави телевизијата „TV2“.