ВИДЕО: Се појави нова снимка од пожарот во Тетово, се слушаат и експлозии

823

Се појави нова, аматерска снимка од пожарот на ковид болницата во Тетово. Овој пат оваа е од другата страна на реката, од каде јасно се гледа дека низ пожарот, има и неколку експлозии, веројатно од кислородот.

Катастрофалниот пожар кој се случи на 8. септември во 21 часот, одзеде 14 животи на пациенти кои се лекуваа од ковид.

Пожарот придонесе за оставки на првите луѓе на здравството Филипче и Хасани, а оставки поднесоа и директорите на болницата во Тетово.

Погледнете ја најновата снимка на пожарот на ковид-болницата во Тетово.