(Видео) Шокантни сцени: Бразилски фудбалер крвнички претепа судија и сега му се заканува затвор

514

Вилијам Рибеиро е бразилски фудбалер кој е топ тема на медумите во јужноамериканската земја поради тоа што бил уапсен од полицијата и му е поднесено обвинение за обид за убиство.

Членот на клубот Сао Пауло де Рио Гранде два пати физички го нападнал судијата Родриго Кривелјаро, а вториот пат судијата лежел без свест на тревата од ударите на Рибеиро.

Инцидентот се случил затоа што судијата не досудил слободен удар за Сао Пауло де Рио Гранде, а откако останал без свест од нападот, итно бил префрлен во болница.

Натпреварот бил прекинат, а полицијата го уапсила фудбалерот, кој сега ќе одговара за сериозно обвинение и му се заканува затворска казна. Клубот веднаш се оградил од однесувањето на Рибеиро и го раскинал договорот со овој фудбалер.

Во обвинението е наведено дека судијата бил брутално нападнат, а не можел ни да се брани од ударите.