Пред вечерашниот натпревар во Саутемптон, против истоимениот домаќин и Ливерпул, на „Сент Мери“ се случи еден доста интересен момент.
Пред мечот, во најавата за тоа што може да се очекува од овој натпревар, Гери Невил и Џејми Карагер ја оставија во шок главната репортерка од отвореното студио на Скај Спорт на „Сент Мери“.
На сред прашање кое репортерката им го постави на споменатите двајца аналитичари, овие направија шокантен потег, се свртеа и зборувајки за поставеното прашање, се одалечија од новинарката без никакво објаснување.
Ова наиде на критики во јавноста вечерва, односно моментов беше проследен со нејаснотии, зошто Невил и Карагер направија ваков потег, бидеки по нивното заминување, новинарката од позадина се гледа како остана вчудоневидена од тоа што се случи и кое одеше во директен пренос.
What the fuck…pic.twitter.com/irpP57qKaI
— Football HQ (@FootbaII_HQ) April 5, 2019