Почетна Скопје ВИДЕО: Скопската полиција уапси силувач, се криел една година во планина

ВИДЕО: Скопската полиција уапси силувач, се криел една година во планина

988

Скопските полицајци, изминатава ноќ, упасиле осомничен за силување кој околу една година бил во бегство. По осомничениот била распишана потерница, објави Нетпрес.

Според првични неофицијални информации од полицијата, уапсениот скопјанец е осомничен за силување на член на неговото потесно семејството, односно за инцест.

Полицајците го лоцирале осомничениот силувач кој се криел во планина меѓу скопските села Паничари и Букович. Тој во шумата направил импровизирано живеалиште, каде престојувал во изминатава една година.