Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира и е безбеден, потврдија официјални лица.
Пилотот доживеал „неисправност во текот на летот“ и можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило.
Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.
Воздухопловната база Ајелсон во соопштение посочи дека инцидентот во вторникот попладне резултирал со „значителна штета“ на авионот F-35 Lightning II. „Пилотот е безбеден и е префрлен во воената болница Басет“, се вели во соопштението.
„Ве уверувам дека воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави ќе спроведат темелна истрага со надеж дека ќе ги минимизираат шансите ваквите настани повторно да се случат“, се вели во соопштението на Таунсенд.
Ф-35 е најскапата одбранбена програма на САД и најголемиот генератор на приходи на Локхид Мартин, кој придонесува со околу 30 отсто во вкупниот профит. Локхид претходно во вторникот соопшти дека ќе биде помалку профитабилен од очекуваното во 2025 година, делумно поради одложеното воведување на надградби на Ф-35.
Пентагон планира да потроши 1,7 трилиони долари за програмата Ф-35, вклучително и купување на 2.500 авиони во следните неколку децении.
Авионот доживеал „неисправност при летот“ и пилотот можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило, според извештајот на Асошиејтед прес. Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.