Неколку луѓе се повредени на кружен тек во Никшиќ, откако возач на автомобил „бе-ем-ве“ влетал во група луѓе кои ја славеле изборната победа на опозицијата во Црна Гора.
Од полицијата е соопштено дека има повеќе повредени, додека едно лице е во тешка состојба.
Инцидентот се случил на кружен тек во близина на автобуска станица.
Според информациите, предниот дел од возилото е целосно уништен, што укажува на силината на ударот.
Како што рекле сведоци на настанот, возачот намерно се залетал во луѓето. Исто така, на социјалните мрежи објавено е и видео на кое се гледа како бесни луѓе го претепуваат возачот на „бе-ем-вето“.
Засега не е утврдено дали е возачот е уапсен, како ни тоа дали се залетал намерно во народот.