(ВИДЕО) Стравични сцени во Лондон: Снимен моментот кога навивач доби нож во лице

932

Пред мечот помеѓу Милвал и Евертон во сабота во рамки на 4. коло од ФА Купот дојде до нереди помеѓу навивачите на двата клуба.

Пред почетокот на мечот дошло до очигледно договорена тепачка, а на крај имаше и неколку повредени. Се потсетуваше на осумдесетите години од минатиот вк. Тогаш ваквите сцени пред натпреварите  по улицте беа секојдневна сцена, а хулиганството ја чинеше Англија во доста случаи.

Навивачите на Милвал од поодамна и се добро познати на полицијата, па и не беше некое изненадување она што се случи во југоисточниот дел од Лондон.

Еден навивачи доби нож во лица, а оваа снимка утрово ја објави „Сан“ и делува навистина застрашувачки.