(ВИДЕО) Светот трогнат од транспарентот на навивачите на Трабзонспор

598

Фудбалерите на турскиот клуб Трабзонспор, во првиот натпревар по катастрофалните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија, славеа над Базел во плеј-офот на Конференциската лига.

Во текот на овој дуел, навивачите кренаа транспарент на трибините, на кој бил насликан спасувач со дете во рацете, но и кучето Протео кое загина спасувајќи ги животите на луѓето во Турција.

 

 

Ваквата сцена побуди бројни емоции и се прошири низ целиот свет.

Малиот херој од Мексико, кучето Протео, кој беше испратен во Турција за да помага во спасувачките операции во текот на кои пронајде три лица под рушевините, настрада во неделата во потрага по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Протео беше дел од тимот од 150 луѓе кои пристигнаа во Турција од Мексико и одигра важна улога во спасувањата на луѓе под рушевините.

Кучето заедно со својот тим ги пребарувало рушевините кога дел од зграда се срушил над него и го затрупал. Иако веднаш го извлекле и се обиделе да го оживеат, на несреќниот Протео му немало спас.

Ова куче ќе остане запаметено како херој кој го жртвуваше својот живот за да им помогне на луѓето.