Како и што посакувавме, Македонија по воведните две кола од групната фаза на СП кои се играат во Минхен има максимален ефект.
Она што многумина ги израдува попладнево не е само победата против Бахреин, туку она што Македонија доби на широчина со младите играчи кои добија минутажа од клупа и сосема задоволително ја оправдаа.
Свое деби за националниот тим и тоа на големо натпреварување имаше Фили Чурлевски кој и даде деби гол. Исто така со погодок во „црвено-жолтиот“ дрес зачекори и Мартин Серафимов.
Дебитираш и Марио Танкоски, додека Мартин Поповски кој не е дебитант, но вечерва за првпат доби посериозна минутажа и даде три гола. Па така светската ракометна јавност денес запозна некои нови момци Македонци.