(ВИДЕО) Торнадо на Халкидики, има повредени

1159
Торнадо кое се формираше на небото без предупредување создаде хаос на плажата во Неа Мудања во Грција .Четири лица се повредени, додека штетата сè уште се утврдува.

Според сведочењата на очевидци, торнадото настанало без предупредување, ветрот уништил дел од баровите, лежалките, чадорите и мобилните тоалети.

За среќа, торнадото не било со толкав интензитет, како она што пред некој ден ја погоди чешка, па помина без поголеми последици.

Во изненадниот вртлог повредени се четири лица, од кои една жена е со посериозни повреди и било укажана медицинска помош на лице место.

Иако торнадата повеќе се карактеристична појава за американскиот континент, во последно време се почесто се појавуваат во Европа.