Торонто Репторс води со 1-0 во финалната серија од НБА лигата откако на домашен терен славеше со 118:109.
Голден Стејт успеа некако да го запре Кавај Ленард на 23 поени, но од втор план излезе камерунскиот интернационалец Паскал Сиакам кој реализира 32 поена со шут од поле 14/17. Шампионот немаше своја ноќ, изгледаше како да е надвор од ритам за што веројатно причина е долгата пауза пред овој натпревар која изнесуваше девет дена. Од поле Вориорс погодија 43,6%, а загубија и 16 топки.
Освен Сиакам, се истакнаа Ленард со 23 и Гасол со 20 поени. Кај Голден Стејт, Кари постигна 34 поени, а Грин дојде до трип-дабл од 10 поени, 10 скока и 10 асистенции.