(ВИДЕО) Тотенхем со петарда се „истури“ за поразот од Јунајтед, Ливерпул се прошета низ Борнмут

659

Тотенхем и Ливерпул остварија убедливи победи во мечевите од 16. коло во Премиер лигата.

Тотенхем под водство на Жозе Мурињо игра фантастично и ги оствари три победи во четири меча во Премиер лигата, но денеска го забележа најубедливиот триумф од доаѓаењто на Португалецот.

Спарси со „петарда“ го почастија Барнли, кој го плати данокот за поразот од Јунајтед, па така сега лондонскиот клуб се доближи на шест бода од четвртопласираниот Челзи.

Кејн постигна два гола и забележа асистенција, Сон постигна еден гол и имаше една асистенција, а во листата на стрелците се запишаа уште и Сисоко и Лукас.

Ливерпул во Борнмут славше убедлива победа со 3:0. Окслејд-Чемберлејн ги „отвори“ домаќините со гол во 35. минута, за Кеита во завршницата од првиот дел да зголеми на 2:0 по фантастичната асистенција на Салах.

Кеита во 54. минута му врати на Салах за асистнцијата и Египќанецот стави точка на натпреварот.

Ливерпул сега има плус 11 во однос на второпласираниот Лестер и дури 14 повеќе во однс на Сити, но и двата тима имаат меч помалку во однос на „Црвените“. Лестер утре гостува кај Астон Вила, а Сити вечерва го пречекува Јунајтед во градското дерби.

На третиот натпревар кој се одигра во истиот термин, Вотфорд одигра 0:0 со Кристал Палас.