(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Мало дете за 4 месеци ги загуби двајцата родители поради коронавирусот

504

Четиригодишно момче за 4 месеци останало без двајцата родители поради коронавирусот.

Мајката починала неколку часа по првите симптоми.

Раиден Гонзалес е момчето од САД кое ги загубило двајцата родители поради опасниот вирус.

Гонзалез, живеел со неговите татко (33) и мајка  (29) во Тексас, САД.

Таткото на момчето се заразил на работа. Прво, еден од неговите колеги бил позитивен на тестот, а кога почувствувал симптоми, и тој веднаш се тестирал и се покажало дека е позитивен. Бил во исклучително лоша состојба и е примен во болница во јуни, каде набрзо починал. Се борел со коронавирусот околу четири недели.

Мајката на момчето, Марија, организирала комеморација за нејзиниот сопруг. Наскоро потоа, таа ги почувствувала симптомите. И таа починала ненадејно, неколку месеци подоцна, во октомври.

Момчето останало сираче и токму поради тоа започнала глобална хуманитарна акција за помош на ова дете.

Наскоро малиот Гонзалез ќе наполни пет години, а по смртта на неговите родители, сега живее со неговата баба.

Во светот има над 56 милиони заразени со коронавирусот, а САД е на врвот на листата.