(Видео) Трагедија: Загина автомобилист на трката од српскиот шампионат

902

Голема трагедија се случи на трката од српскиот шампионат во Краљeво во автомобилизам на кружни патеки.

Загина 38-годишниот возач Владимир Шекуларац од Александровац, откако излета од тркачката патека.

По инцидентот, трката веднаш беше запрена, а тешко повредениот возач итно беше пренесен во Општата болница „Студеница“ во Краљево откако припадниците на единицата за противпожарна и спасување го извлекоа од разбиениот автомобил.

И покрај напорите на лекарите да го реанимираат, тие не успеаја да го спасат животот на возачот кој претрпе тешки повреди.

Наскоро на тркачката патека стигна веста дека Шекуларац починал и сите трки бea официјално запрени, а сите други возачи возеа почесен круг, оддавајќи му почит на трагично загинатиот колега.