(ВИДЕО) Ученици дивеат и ја уништуваат својата училница. Миа Костова: Што родители се ова да им го видам суратот само

2558

По видеото со наставничката во едно училиште во Македонија, каде учениците ги нарече “стока”, на социјалните мрежи се појави и видео од ученици, кој ја уништуваат својата училница, дивеат и скокаат врз клупите и столчињата.

На ова видео свој коментар даде и поранешната водителка и сегашен инфлуенсер Миа Костова, која е згрозена од однесувањето на децата. Таа ги повика и родителите, бидејќи воспитувањето доаѓа од дома.

Постот на Миа Костова:

“Вчера се постираше наставничка која им се обрати на учениците со говеда и стоки. Веднаш по тоа видео излезе и вакво видео. Па ако вие сметате дека ова не се говеда и стоки и дека наставник за разлика од порано често е мета на булинг и обраќањето на наставничката ја срушило круната на вашето невоспитано младунче, тогаш вие сте говеда и стоки од родители.

Ова што влага и демолира училница би го млатела, сѐ на лево да седи едно месец дена и она некое квази женско у кошулче. Што родители се ова да им го видам суратот само. Иако мора да признаам од моето скромно искуство како родител на дете во училиште најпроблематичните деца имаат родители што секогаш газат врз авторитетот на наставникот.

После говеда, па говеда.”