ВИДЕО: Ултрас драма во Англија – Судијата Мајк Дин во цивилка се качи на трибини да слави за – Транмере!

852

Неверојатно видео ни доаѓа од Англија, поврзано со судијата кој по многу ситуации е означен како најконтроверзен судија на островот последната деценија.

Мајк Дин, чиј фан е на фудбалскиот клуб Транмере Роверс од втора лига во Англија, вечерва се качи на трибина пред навивачите на Транмере, еуфорично, бидејки нивните миленици одат кон Вембли, каде ќе играат плеј-оф финале.

Мора да се признае, судијата кој има зад себе 100 доделени црвени картони во Премиерлигата, е вистински хит вечерва во Англија поради неговата  ултрас реакција.