Видео: Вака светските ѕвезди реагираат кога ќе прочитаат нешто грозно за себе на Твитер

642

Иако поголемиот дел од светските ѕвезди навикнаа за нив да се пишува сешто на социјалните мрежи, сепак и тие се од „крв и месо“, па некогаш ги боли кога ќе прочитаат нешто грозно за нив.

Сведоци сме дека живееме во такво време – луѓето на социјалните мрежи пишуваат многу работи, потребни и непотребни.

Иако поголемиот дел од објавите се со позитивна содржина, сепак постојат и објави и коментари кои што едноставно можат да ве разбеснат, па и доколку истите не се однесуваат на вас.

Токму некои од најгрдите твитови се упатени кон познатите ѕвезди, на кои што очигледно не им е баш пријатно кога ќе ги слушнат или прочитаат.

Погледнете ја реакцијата на Џулија Робертс, Ештон Кучер, Кејт Бланшет, Џастин Бибер и многу други познати личности кога на социјалната мрежа Твитер ќе прочитаат и видат нешто лошо за себе.

Погледнете ги видеата: