(ВИДЕО) Во Букурешт фалангата прави фешта, а на чело Христов и Стоилов

2410

Букурешт пулсира во македонски ритам. Фан-зоната на полуларнатаѓ „Фаланга“ е обоена во „црвено-жолто“, а меѓу бројните фанови може да се забележат и неколку легенди на македонскиот спорт.

Вечерва, предводници на еуфоријата беа капитенот на Вардар 1961 и македонскиот репрезентативец во ракомет, Стојанче Стоилов и фудбалската легенда Ѓорги Христов, кои заедно со останатите фанови најавија голема поддршка на „рисовите“ на Ангеловски на утрешниот натпревар на „Националната Арена“ во Букурешт.

Македонија своето историско деби на Европско првенство го игра утре со почеток од 18:00 часот, против селекцијата на Австрија.