Албанската полиција уапсила две лица под обвинеие дека вчера во Тирана киднапирале 23-годишен македонски државјанин за чие ослободување му побарале 250.000 евра.
Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор на Алберт Џ. (41) и Сокол М. (42), жители на Тирана додека Суби Е. (50), жител на Струга, ќе се брани од слобода.
„Трите лица, во соработка нивни пријател, кај планината Фарка во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В. (23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра“, стои во полициско соопштение што го пренесуваат албанските медиуми.
Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за натамошно постапување.