Португалската јавност е шокирана од срамната симулација на фудбалерот на Портимонензе, Вилијам Роча во дуелот со Спортинг Лисабон од Лига Купот на Португалија. Имено, во време на напредна технологија во фудбалот, фудбалерот на Спортинг Јаник Боласи заработи втор жолт картон и беше исклучен за нешто што не е казниво.
По еден физички дуел домашниот фудбалер падна како покосен, гестикулирајќи дека добил удар во лицето, а ривалот не го ни допре во тој предел од телото. Со оглед на тоа што нема ВАР во ова натпреварување, судиите го исклучија гостинскиот фудбалер, а домашниот остана неказнет.
👀 So I Got Sent Off For This Today SMH 🤦♂️ Sign Him Up For Hollywood🎭😂…I’m Just Happy The Team Got The WIN😏✅ Great Spirit & Fight From The Boys…Into The Semi Finals Now💪🏿🦁💚 #YYB @Sporting_CP pic.twitter.com/HYwvDXlXuK
— Yannick Bolasie (@YannickBolasie) December 21, 2019
Португалската јавност засилено бара казна за симулаторот, а Спортинг најави жалба за исклучениот Боласи.
Спортинг и покрај исклучувањето, го совлада Портимонензе со 2-4.