(ВИДЕО+ФОТО) НЕ ТРУЈАТ А НИЕ НЕМАМЕ ПОИМ: Се распаѓа куполата под која е најопасната работа на светот – истекува и „не убива“!

757

Куполата започнала да покажува знаци на пукање поради големите ветрови и морските бранови на напуштениот остров.

Рунит е островче во Тивкиот океан, но од неговото име на луѓето им се крева косата на главите:на него се најлошите нуклеарни отпадоци од Америка а сега куполата на тоа засолниште започнала да пука.
Рунит бил терен за обука на американската војска за тестирање на нуклеарно оружје за време на Студената војна, така што кон крајот на 1970-тите, американската влада изградила купола, наречена кактус, на неа, каде се складирал радиоактивен материјал и отпад од тие тестови.

Основата на куполата, која во тоа време чинела околу една четвртина милијарда долари, е огромен кратер создаден од 18-килотонска нуклеарна бомба.Ѕидовите на куполата се изработени од околу половина метар дебели 358 бетонски плочи, а целата површина зафаќа околу 10.000 квадратни метри.
Активистите за животна средина сега предупредуваат дека куполата, која веќе покажува знаци на пукање, може да се распадне под силно невреме или други природни фактори, и дека може да се ослободи масивен радиоактивен материјал.

                                                      Од вакви пукнатини на куполата истекува радиоактивен материјал

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веќе објави дека претседателот на Маршалските острови му рекол дека е „многу загрижен за ризикот од пуштање на радиоактивен материјал зачуван во нешто налик на куфер“, јавува Popular Mechanics (Популарна механика).
САД на Рунит извршиле 67 нуклеарни тестови, вклучувајќи го и злогласниот тест „Касл Браво“ во 1955 година, кога научниците целосно ја потцениле новата хидрогенска бомба што ја тестирале. Експлозијата имала еквивалент на 15 мегатони – двојно повеќе од предвидувањата. Детонацијата исто така исфрлила неочекувано големо количесто на радиоактивен материјал, кој се расфрлил низ голема површина.

Облак со радиоактивна прашина пропатувал над 150 км и загадил неколку населени острови. Домородците биле евакуирани, но 83. лица претрпеле изгореници, додека еден јапонски брод фатил радиоактивна риба.
Овој „кактус кратер“ содржи околу 88.160 м3 контаминиран отпад. Куполата на тој „кактус кратер“ е огромна, но не е дизајнирана да биде постојана. Денес таа покажува знаци на пукање, а со глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на морето, Пацификот станува се’ поблизок до него.

Не е јасно како ќе се реши овој проблем. Со Рунит моментално управува Владата на Маршалските острови, а во 1979 година бил потпишан договор според кој Соединетите држави сносат никаква одговорност за какви било проблеми што можат да произлезат од овој радиоактивен отпад.

Меѓутоа, Маршалските острови се мала и сиромашна земја која нема доволно ресурси да се справи со овој отпад. А САД, чие ѓубре е внатре, не мораат да понудат помош при справување со проблемот. Додека некои велат дека Америка ќе биде рпозвана за виновник во случај на експлозија на купола, други додаваат дека таа земја ионака секогаш минува неказнето за сите свои деструктивни потези, па затоа и не е важно.
А активистите предупредуваат дека пукањето на куполата на кактусот е само прашање на време.