Видеото од олимпијката на која тренерот ѝ удира шлаканици пред мечот предизвика бес: Таа јавно реагирала и објаснила

946

Некој би рекол дека однесувањето на германскиот џудо тренер на Олимписките игри е вообичаена практика која служи за стимулација и фокус на натпреварувачите, но контроверзното видео од Токио предизвика бурни реакции во јавноста.

Имено, на снимката се гледа Мартина Трајдос која пред влегување во дуелот мирно стои пред тренерот кој прво ја фаќа за крагната, ја протресува, а потоа ѝ удира две шлаканици. По ваквиот потег, олимпијката издишала како воин и била спремна за дуел.

Со оглед на тоа дека на социјалните мрежи отпочна дебата дали навистина е потребно нешто вакво за мотивација, Трајдос се почувствувала должна да ја објасни ситуацијата.

„Не грижете се, тоа е ритуал кој самата го избрав пред борбата. Мојот тренер го прави тоа бидејќи му кажав дека истото ме мотивира“, објаснила Мартина на Инстаграм.

Снимката која стана популарна на Твитер доби и бројни смешни одговори на одлуката на олимпијката како да ја подготви тренерот за дуел.