Виктор Стојанов од Карловo, автор на иницијативата „Испрати бугарска книга за Македонија“ денеска ја реализираше својата идеја и увезе 920 фототипски примероци на „бугарски народни песни“ објавени во 1861 година од страна на браќата Миладинови.
Автобусот со донирани книги овојпат ја премина границата без никаков проблем од страна на македонските гранични власти и се упатил кон зградата на бугарскиот Центар за култура во Скопје.
Исто така, Драган Стојановски беше меѓу помошниците кои ќе ги поделат овие книги на Бугарите од Скопје.
Автобусот со книги наменети за Бугарите во Македонија продолжува и кон градовите Битола, Прилеп и Струмица.