Викторија и Дејвид Бекам ја поддржуваат врската на најстариот син со ќерката на американски милијардер

719

Бруклин Бекам, синот на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (44) и поранешната членка на групата „Спајс грлс“, Викторија Бекам (45), е во врска со нова девојка, од која тие се многу задоволни.

Поточно, Бруклин Бекам (21) е во врска со ќерката на американскиот милијардер Нелсон Пелк (77) и со неа го поминува времето во карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Бруклин ја користи секоја можност на социјалните мрежи да ја искаже својата љубов кон новата девојка Никола Пелц (25), која е четири години постара од него и која се занимава со глума.

Додека тој не ги крие својата заљубеност и среќата што ја најде кај американската актерка, се чини дека и неговите родители, конечно, ја одобруваат неговата избраничка по толку многу девојки.

Никол е ќерка на американскиот милијардер Нелсон Пелц, чие богатство се проценува на 1,3 милијарда фунти и е многу поголемо од богатството на Бекамови, кое минатата година е проценето на 350 милиони фунти.

View this post on Instagram

stay 💖 home 💖 please 💖 i love you

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

 

Бруклин и Никола се во врска четири месеци, а таа веќе го запознала неговото семејство и била на големата прослава на неговиот 21. роденден во Лондон што му ја организирале родителите, каде што танцувала и со Викторија на песната на Глорија Гејнор, I will survive, па може да се претпостави дека двете станале вистински пријатели.

Младата двојка моментно се наоѓа во станот на Никола во Њујорк, каде што се во изолација поради коронавирусот, а Дејвид и Викторија се надеваат дека дополнителната блискост што ја имаат за време на кризата предизвикана од коронавирусот уште повеќе ќе ја зајакне нивната врска.

„Дејвид и Викторија дадоа голем благослов за нивната врска. Тие ги поддржуваа повеќето врски на Бруклин, но за оваа навистина сакаат да успее“, рече нивен близок пријател.