Дај им скии и снег и се им е рамно!
Дека зимата е идеална за да го фатите патот на планина и да се дружите со скиите, односно
бордовите, доказ се и домашните ѕвезди кои не кријат дека се обожаватели на зимските спортови.
Викторија Лоба, Александар Тарабунов, Сара Мејс и Димитар Атанасовски. .. се дел од познатите фаци кои редовно секоја зима ја користат за да ги покажат своите спортски вештини, а многу од нив толку добро се снаоѓаат на снег и на скии што со сигурност може да им позавиди и еден Марсел Хиршер или Вероника Зузулова.
Александар Тарабунов
Пејачот кој уште од мали нозе другарува со скиите вели дека едвај чека да падне првиот снег за да
може да отиде на планина.
Скијам уште од мали нозе, а во последните неколку години, исто така, и бордам, некако тоа ми е поинтересно. Скијањето е еден од моите поомилени спортови, кога сум на стаза максимално се опуштам и после два – три часа скијање, односно бордање сум како нов”, откри пејачот.
Викторија Лоба
Лоба секоја година традиционално го обновува својот Инстаграм профил со нови фотки на кои позира во опрема за скијање. Последните неколку години главна дестинација за зимување и беше
Копаоник, а друштво стандард и правеше и дечкото Ѓорѓи. Каде руското девојче ќе ги покаже своите скијачки квалитети оваа зима, останува да видиме.
Димитар Атанасовски и Сара Мејс
Сара Мејс и Димитар Атанасовски и налето и назима се на планина. Освен што обожаваат да пешачат и да освојуваат врвови, парот, исто така, заедно и скијаат, но поради доаѓањето на свет на малата Илина од пред три месеци голема е веројатноста оваа зима да паузираат.