Вил Смит во новата адаптација на Аладин: “Ова е најдоброто филмско искуство кое сум го имал во целата моја кариера”

855

Вил Смит се појави на насловната страна на магазинот “Entertainment Weekly” рамо до рамо со уште двајца актери од филмот кој следната година треба да се најде во кино салите.

Станува збор за филмската адаптација на “Aladdin” во која Вил Смит ја толкува улогата на духот од волшебната ламба.

Режијата на филмот ја потпишува Гај Ричи, Мена Масуд е Аладин, а принцезата Јасмин е Наоми Скот. Филмот ќе се појави во кино салите на 24 мај 2019 година.

“Бев престрашен што јас ќе го глумам духот откако тоа одлично го направи покојниот Робин Вилијамс. Но, го пронајдов својот стил за кој сум сигурен дека ќе ѝ се допадне на публиката. Сигурен сум дека ова е најдоброто филмско искуство кое сум го имал во целата своја кариера. Сакам да кажам, работев со многу филмски студија и бев задоволен, но Дизни баш знае што прави. Работев со спектакуларен тим на луѓе кои одлично се здружија и направија неверојатна приказна”, рекол Смит, додавајќи дека филмот е прекрасен и дека едвај чека публиката да го гледа.

Бев престрашен што јас ќе го глумам духот откако тоа одлично го направи покојниот Робин Вилијамс. Но, го пронајдов својот стил за кој сум сигурен дека ќе ѝ се допадне на публиката. Сигурен сум дека ова е најдоброто филмско искуство кое сум го имал во целата своја кариера. Сакам да кажам, работев со многу филмски студија и бев задоволен, но Дизни баш знае што прави. Работев со спектакуларен тим на луѓе кои одлично се здружија и направија неверојатна приказна”, рекол Смит, додавајќи дека филмот е прекрасен и дека едвај чека публиката да го гледа.