Вилата на Шакира и Пике во Мајами се продава за 8,6 милиони долари

906

Шакира и Пике ја продаваат луксузната вила во Мајами, а тоа значи едно – можност да ѕирнеме во луксузот во кој уживаа со години.

Шакира ја купи вилата во 2001-ва година, а оттогаш до ден денес имотот е комплетно реновиран и вклучува дрвени подови од Шпанија, врати од Европски дизајнери и мебел изработен по порачка.

Вилата, која сега ја дели со Пике и двете синчиња, е прилично импресивна, па не е ни чудо што цената од 2,5 милиони долари, која Шакира ја платила кога ја купила вилата во 2001-ва, скокна на 8,6 милиони долари.