Висар Муслиу доби црвен, дали ќе игра на мечот со Косово?

696

Македонија на натпреварот против Грузија (1-1) остана без Висар Муслиу кој доби црвен картон, па се отвори дилема дали тој ќе биде во комбинација за настап на клучниот натпревар за нашиот национален тим.

Според календарот на УЕФА, следен дуел на Македонија ќе биде против Косово во рамки на плејофот од Лигата на нациите. По еден груб судир со противнички играч, на Муслиу му беше покажан патот кон соблекувалната.

Стоперот имаше жолт картон претходно, но судијата по прекршокот му даде директен црвен картон. Правилата на УЕФА велат дека црвен картон носи суспензија за следниот меч, но во групна фаза. Во плејофот картоните се бришат.

Според правилата, Муслиу би требало да игра со Косово. Затоа што е плеј-оф, плус затоа што се работи за меч од претходната сезона. Корона-кризата донесе и нови правилници, ја измеша целата сезона, од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) немаат добиено повеќе информации на оваа тема, а најавени се наскоро.

Дуелот меѓу Македонија и Косово се игра на 8 октомври, а потоа следат два меча со Естонија (гости) и Грузија (дома) во новата сезона од Лигата на нациите.