Вистински циркус на квалификациите во Африка: Што се случува кога ќе интонирате химна од мобилен телефон

1115

Изминативе неколку дена во прв план се најдоа квалификациите за Европското првенство во 2020 година, но напоредно се играат квалификации и на Црниот Континент.

Репрезентациите од овој крај на светот се борат за пласман на Африканскиот куп на нации кој оваа сезона ќе се игра во летен временски период, но еден сегмент од натпреварот меѓу Либија и Јужна Африка стана хит и во фудбалска Европа поради една бизарна ситуација.

Имено, Либија како домаќин на овој натпревар направи огромен пропуст, бидејќи интонирањето на химната на Јужна Африка се претвори во вистински циркус. Химната беше проследена преку разглас од мобилен телефон, а сето ова придонесе да се случи непријатна и неблагодарна ситуација, бидејќи покрај химната, се слушаа и вибрации и нотификации кои пристигнаа во најлош можен момент….