Вистински хаос во Брисел: Протестот против ковид-мерките се претворил во улична војна!

456

На вчерашниот протест против ковид-мерките во Брисел, во кој учествувале неколку десетици илјади луѓе, избиле немири, пренесува „Гардијан“.

Маршот започнал мирно, но полицијата подоцна испалила воени топови и солзавци како одговор на група учесници кои ја гаѓале полицијата со разни предмети.

Неколку демонстранти носеле капи и фламански националистички знамиња. Во близина на владиниот кварт на главниот град на Белгија се случил судир со полицијата.

Полицијата соопштила дека 35.000 демонстранти марширале од северната станица во Брисел против новите ковид-мерки кои владата ги најавила во средата.

Демонстрациите, наречени „Заедно за слобода“, воглавно биле насочени на забраната за пристап на невакцинираните на места како што се ресторани и барови.

Европа се бори со уште еден бран на вирусот и неколку земји ги заострија мерките и покрај високото ниво на вакцинација, особено на западот на континентот.

Белгија, една од земјите најтешко погодени од последниот бран, ги прошири своите правила за работа од дома во средата и ги заостри ограничувањата за невакцинираните.