Вистински романтичари и секс машини: Овие 4 хороскопски знаци го “дрмаат” и креветот и срцето

1239

Ако имате неколку додворувачи, а не сте сосема сигурни за кој да се одлучите, се надеваме дека ова ќе ви го стесни изборот…

Риби – романтичари

Доблести: креативност, хиперсензибилност и хедонизам. Потполно ги разбира вашите потреби.

Како со нив: Внимателно бидејќи тука е Нептун, планетата на неверството. Верувајте му додека можете и заминете со мирно срце.

Каков е во кревет: Оцена 5. Добри се речиси колку и Шкорпиите, затоа нема да биде реткост да завршите во нивниот кревет во петок вечер, а да станете од креветот во понеделник наутро.

Шкорпија – секс машина

Доблести: Во кревет – вистински талент.

Како со нив: Бидете попустливи.

Каков е во кревет: Оцена 5. По само една ноќ со Шкорпијата, ништо повеќе нема да биде исто. Најдобри се тивките и интровертни Шкорпии.

Бик – човек карпа

Доблести: Одличен е во сексот, му пристапува со страст и упорност, но без емоции.

Како со нив: На вашите хистерични испади реагира со повлекување.

Каков е во креветот: Оцена 5. Страствен и сензуален. Проблемот е во тоа што мисли дека може да реши сѐ со сексот.

Овен – маж од акција

Доблести: Постои голема шанса да ве освои со сила, отвореност и упорност.

Како со нив: Високите потпетици и краткото здолниште, за жал не се доволни ако не сте чекор пред него во секоја смисла.

Каков е во кревет: Оцена 5. Воден од страствениот Марс, тој е брз и див во креветот и сака чест секс.