Вистинскиот пријател ќе дотрча ако го повикате и во 2 наутро, сите други се само познаници

722

Од време на време добро е да застанете, да забавите и да го слушнете животното искуство на постарите лица кои со некои лекции научиле дека не треба премногу да се нервирате за ситници, па дури и за некои малку поголеми проблеми …

1. Најважната личност во вашиот живот е лицето кое се согласило да го сподели својот живот со вас. Така и треба да се однесувате со него или со нејзе.

2. Можеби ќе имате долг живот, или вашиот живот ќе биде краток – којзнае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе сакате да сте биле повнимателни кон себе во вашата младост.

3. Нештата се само нешта. Немојте да бидете опседнати со материјални работи, ценете си го времето и искуството.

4. Љубомората ги уништува врските. Верувајте ѝ на својата друга половина бидејќи кому ќе му верувате?

5. Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа каде што ќе го работите она што го сакате!” Но, тоа не е најдобар совет. Вистинската работа е работа која некои денови ја сакате, други денови ја поднесувате, а и понатаму ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.

6. Ако некогаш е тешко да се носите со животот, само вратете се во сегашноста и уживајте во сè што е убаво и утешно. Земете длабок здив, опуштете се.

7. Годините минуваат додека да трепнете. Немојте млади да стапувате во брак. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со се. Без разлика колку пари имате. Спакувајте се и одете каде што можете да си дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи. Никакви работи. Видете го светот.

8. Не сфаќајте го животот сериозно. Дури и ако нештата ви изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се смеете на тоа колку животот е глупав.

9. Вистински пријател ќе дотрча ако го повикате во 2 наутро. Сите други се само познаници.

10. Децата растат премногу брзо. Максимално искористете го времето што го поминувате со нив.

11. Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред вашето семејство, пријателите или себеси.

12. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и лице со срцеви болести кое имало мозочен удар – за никогаш да не станете тоа.

13. Чистете ги забите со конец, проблемите со забите се ужасни.

14. Не сфаќајте нечии совети како команда. Можете да побарате совет од некој што го почитувате, но потоа разгледајте ја вашата ситуација и донесете сопствена одлука. Во суштина, мојот совет е да го послушате сопствениот совет…