Влада: Полицискиот час почнува од 21 часот, за празниците без ограничувања, терасите се отвораат

650

Владата на денешната седница донесе одлука, односно ги прифати предлозите од Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, и од утре полицискиот час почнува во 21 часот, дознава ТВ21 од извори блиски до Владата.

Исто така од утре ќе може да работат и летните тераси на угостителските објекти.

Како што беше првично најавено, за престојните празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1-ви кон 2-ри мај и од 12-ти кон 13-ти мај ќе нема никакво ограничување на движењето на граѓаните, со тоа што продолжува да важи мерката за угостителите да не работат од 21 часот до 05 часот наутро.

Новите мерки ќе важат до 15. мај, дополнуваат од Владата.