Владата го прифати предлогот на Комисијата, од утре вечер полициски час до понеделник

1067

Предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воведување на ограничување на движењето за престојниот продолжен викенд во целост е прифатен од Владата.

Според одлуката, од утре во 21:00 часот, па сѐ до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје,  Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.

За другите градови, ќе има воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.