Владата „му купи“ зграда од 14 милиони евра на Али Ахмети за роденден

725

Свеченото отворање на новата зграда во која се всели Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го искористи првиот вицепремиер Артан Груби со сите владини функционери на ДУИ да му организира роденденска прослава на партискиот лидер Али Ахмети.

Владата ја купи оваа зграда во вредност од 14 милиони евра која ја изгради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а вчера таму со својата работа започна министерството под водство на Груби.

„Нашиот нов дом“ претходно напиша Груби, објавувајќи фотографии од зградата и од внатрешноста на објектот, додека пак на „роденденската “ фотографија јавноста реагираше со критики кон ДУИ дека никој не носи маска и дека нема ниту една жена на масата.

Сето ова делуваше иритантно за јавноста, особено за македонската етничка заедница, перцепирајќи го ваквиот настан како присвојување на јавен имот од страна на ДУИ.