ВМРО-ДПМНЕ: Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за „Рекет“?!

630

Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за Рекет?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од Рекет, прашува во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ.

Првоосудениот во Рекет Бојан Јовановски јавно посочи дека милионот на Камчев од изнудениот рекет треба да се бара кај Зоран и Вице Заев. Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојам Јовановски – Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?!, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија прашуваат дали премиерот Зоран Заев прикрива траги со апсењето на Камчев и кој е планот на врвот на власта за забошотување на криминалите во своите редови?

Дали откако беа фатени во обид за лапање провизија од вакцините, мора и да дефокусираат јавност?! Времето е се пократко. Заев ќе мора да одговори. Без разлика колку заплашува и шиканира. Каде се парите од Рекет?! Врвот на октоподот е Зоран Заев, а вистината ќе излезе на виделина. Колку и да се обидуваат да сокријат, бегање од правдата нема да има, велат од ВМРО ДПМНЕ.