ВМРО-ДПМНЕ почнува постапка за референдум за Договорот со Бугарија

327

„ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации“, велат утрово од партијата.

ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.

Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?

Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.

Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.

Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност.