ВМРО-ДПМНЕ застана зад кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

792

Скопје мора да стане град на сите луѓе. Имавме во предвид дека потребно е да се решение кое ќе може надпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе. Токму затоа ИК, а потоа и ЦК донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Данела Арсовска, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

„Жена која го предводи сојузот на стопснки комори на Македонија.

Работи како меѓународен експерт кој ги креира политиките за интегритет за лидерите на земјите на Г20, тоа се најсилните економии на светот. Дел во раководството на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет. Само 4 жени во светот се носители на таа функција.Прогласена е за најдобар женски пример во деловниот свет во југоисточна Европа.

Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје.

Скопје заслужува силна жена за градоначалник, која ќе ги штити интересите на градот. Убеден сум дека Данела ќе победи во оваа трка најзначајна за Скопје“, кажа Мицкоски.