ВНУК МУ НА ТИТО ОТКРИ: Киро Глигоров го потпиша Уставот за распадот на Југославија

847

Внук му на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, Јошка Броз во една емисија откри што дедо му признал како своја најголема грешка.

– Тито ми рече: Тоа што го пуштив Уставот од 1974 години. Тој устав стоеше во мојата фиока десет дена и со него беше почеток на крајот на Југославија…. Ми рече тогаш, не сакал да потпише, и на моето прашање зошто не ставил вето, Тито одговори: Јас како демократ не сакав да бидам надгласан во Собранието. Можев да ставам вето, грешка е што не ставив, – вели Јошка и додава:

–  Киро Глигоров и Мика Шпиљак го потпишаа Уставот, а целата работа ја побутнаа Кардељ и Стево Краичиќ кој успеа Тито да го скара со сите најблиски луѓе.

Јошка Броз зборуваше и за односот на Тито со Јованка.

– Тито многу ја сакаше Јованка. Тој никогаш официјално не се разведе од неа. Дедо ми неколку пати и рече да  не се меша во политиката. Тој поради неа не доаѓаше во Белград, а во Љубљана не сакаше да ја види. Јованка беше против Стане Доланц и  Никола Љубичиќ,  а на на неговиот погреб не сакаше ниту рака да им подаде, изјави Јошка кој е сигурен дека Тито умрел на 4 мај и дека е закопан во Куќата на цвеќето во Белград.

– До последен момент бев со него. По смртта го ставија во лимен сандак. Ноќта по погребот беше ставен мермерот од девет тона на неговиот гроб.