Внуката на Јосип Броз Тито, познатата хрватска режисерка Саша Броз, седна во пилотската кабина, го зема кормилото во раце и предизвика бура на коментари на социјалните мрежи.
Однеси ме на Месечината. Дозволете ми да играм меѓу звездите, напиша Саша Броз на својот профил на Инстаграм и од пилотската кабина и предизвика големи реакции.
Инаку Саша Броз е ќерка на Миша Броз, синот на Тито од бракот со Херта Хас. Саша е многу активна на социјалните мрежи каде со голема љубов пишува за својот дедо. Неодамна објави видео за една од нејзините средби со Тито. Од нејзините фотографии може да се заклучи дека многу личи на својот славен дедо.